Signia - Прв чекор кон подобар слух

Важно соопштение за сите лица со оштетување на слухот:
Оптика Оптил е официјален претставник на Signia – најнапредните слушни апарати во светот. Signia не се традиционални слушни апарати. Тоа се смарт уреди со вградена вештачка интелигенција, кои се прилагодуваат према потребите на корисникот

Револуционерната технологија содржи сензор кој може да препознае дали корисникот стои, оди или трча и според тоа го адаптира звукот. Има два одвоени процесори – еден за гласот на соговорникот, друг за звуците од околината.
Ова овозможува подобро разбирање на говорот, дури и во бучни простории.

Апаратот е елегантен, мал и дискретен – со дизајн налик на Bluetooth слушалка, на кој може и да се слуша музика, да се поврзи директно со телевизорот или компјутер и да се обавуваат телефонски повици

Signia_soundwave-logo_1200x630

Зошто да ја изберете Signia

Слушните апарати Signia се повеќе од решение за слух — тие се мост кон свет полн со звуци што нè опкружуваат секојдневно. Зошто нашите корисници ја избираат Signia:

  • Персонализиран звук со вештачка интелигенција која се приспособува на вашето опкружување и навики.
  • Природно разбирање на говорот дури и во бучни простори – разговорите стануваат опуштени и јасни.
  • Современ дизајн и удобност при носење – од речиси невидливи модели до елегантни, полначни апарати.
  • Целосна поврзаност со секојдневието – слушајте музика, разговарајте по телефон или гледајте ТВ преку Bluetooth врска.
  • Долготрајна сигурност со напредни батерии и интуитивна контрола преку мобилна апликација.
  • Можност за бесплатна проба до 14 дена, за да се уверите дека Signia навистина го менува квалитетот на вашиот секојдневен живот.

За брендот

„Сигнија“, порано „Сименс“, е премиум бренд за слушни апарати, дел од WS Audiology Group. Иако е на пазарот само 9 години под името „Сигнија“, има 140 години искуство во производство на слушни апарати. Денес, „Сигнија“ е еден од најголемите лидери во производството и дистрибуцијата на слушни апарати во светот.

Видови и модели на слушни апарати

Задувни (RIC/BTE) – дискретни и моќни, идеални за различни степени на оштетување на слухот. Канални / во ушната школка – речиси невидливи и веднаш подготвени за користење.

Pure Charge&Go AX – ги комбинира сите предности на Signia Augmented Xperience со Li-ion полнење и целосна Bluetooth поврзаност со iOS и Android уреди. Овој модел се надоврзува на силната основа на серијата Signia Xperience, воведувајќи технологија од следната генерација со подобрени карактеристики за беспрекорно аудитивно искуство. Pure Charge&Go AX претставува голем чекор напред во перформансите со својата Augmented Xperience платформа, која обезбедува појасен и побогат звук, како и супериорно разбирање на говорот во различни средини.

Styletto AX – за сите кои не сакаат да прават компромис со својот активен начин на живот, ова е идеалниот избор. Опремен со Bluetooth поврзаност, овој модел – првиот SLIM-RIC во светот – комбинира елегантен пренослив дизајн со заменливи ресивери, јасен звук и одлично разбирање на говорот благодарение на Signia Augmented Xperience платформата
Предности: Hands-Free iOS повици, Auto EchoShield технологија, Own Voice Processing 2.0 со два независни процесори кои го обработуваат сопствениот глас посебно, Подобра јасност на говорот, Елегантен дизајн, Батерија со траење до 4 дена, CROS опција за еднострано глувило, Директно стримување кон Android и iOS уреди, AX платформата користи Augmented Focus технологија за подобрена јасност на говорот во различни средини.

Signia Motion X – повеќе не треба да се задоволувате со просечно. Овие апарати се полни со најнови технолошки иновации, што ви овозможува да го прилагодите звукот според вашите потреби – било да шетате низ парк и уживате во песната на птиците или вечерате во бучен ресторан и сакате да бидете дел од разговорот. Signia Motion X ви овозможува да го подигнете вашето слушно искуство на следното ниво. Да бидете одлични значи да бидете целосно независни во постигнувањето на вашите цели. Затоа, Motion X доаѓа со бројни високо-технолошки можности, како што се Bluetooth стриминг на телефонски повици и музика директно во ушите, со оптимален квалитет на звук. Овие модерни и елегантни модели се полначки, обезбедуваат до 27 часа користење со едно полнење, а сите модели доаѓаат со компактен полнач.

Signia Active и Active Pro – идеални за корисници со лесно до умерено губење на слухот, кои ја ценат комбинацијата на функционалност и естетика. Овие модели се особено привлечни за оние кои сакаат слушни апарати што изгледаат како обични earbuds и се дискретни при носење. Во кратки црти, Signia Active и Active Pro нудат модерно и стилско решение со врвни функции на слушни апарати – одличен избор за активни корисници кои сакаат дискретна, но моќна поддршка при слушање. Одликуваат се со удобност, долготрајна батерија и одлично засилување на говорот во бучни средини.

Pure 312 AX – слушните апарати се опремени со сите високо-технолошки функции што ви се потребни – како Bluetooth пренос на телефонски повици и музика на Android и iOS уреди, како и напредни терапии за тинитус. И покрај нивната дискретна форма, овие мали апарати нудат целосна Bluetooth конекција за максимално уживање во музика, повици и телевизија, како и сите предности на Signia асистентот. Батеријата на Pure 312 AX обезбедува траење до околу 4 дена.

Предности од користење на два слушни апарати

  1. Подобрена леснотија при слушање (разговори, гледање телевизија, телефонски разговори, акустична ориентација во просторот итн.).
  2. Намалено влијание на позадинската бучава. Гласната позадинска бучава може да создаде тешкотии при слушање. Изборот на слушни апарати со насочени микрофони и моќен процесор е многу важен фактор ако ваквите ситуации претставуваат најголем дел од вашите проблеми со слухот.
  3. Подобрена локализација на звукот. Овозможува полесно препознавање од каде доаѓа звукот. Кога звукот што пристигнува до едното уво значително се разликува по време, гласност и висина, мозокот потешко го обработува неговото потекло. Со Signia и Widex слушните апарати, локализацијата на звуците е значително олеснета.
  4. Подобар слух во бучни ситуации. Signia и Widex слушните апарати успешно ги намалуваат вознемирувачките позадински шумови. Оваа функција е особено изразена кога корисникот носи два слушни апарати.
  5. Зголемена концентрација. Користењето слушни апарати го подобрува помнењето, го зголемува социјалниот контакт и го намалува стресот и анксиозноста.
Signia_2021H12_older_man_holding_HA-e1762185847517