Враќање на продукти
Секој нарачан производ може да се врати во рок од 15 дена ако се исполнети следните услови:
- Продуктот се враќа во оригиналното пакување
- Продуктот се враќа со целосната документација која ја добил при испорака на истиот
- Продуктот и неговото пакување не се користени и/или оштетени
Продуктот се доставува лично или по пошта на адреса „Булевар Гоце Делчев 10/2, 7500 Прилеп“ каде во рок од 1-5 работни дена пратката ќе биде проверена и во случај да се сите услови исполнети клиентот ќе добие целосна рефундација.
Рекламација на продукти
Клиентот има право на рекламација во рок од 6 месеци по купување на продуктот. При доставување на производите, клиентот е должен да приложи фискална сметка или фактура, оригинално пакување и сертификат за оригиналности кои ги добива при набавка на продуктот. Во овој случај, се поднесува барање и продуктот се испраќа до овластениот дистрибутер на продуктот, кој ја спроведува рекламацијата.
*Дефекти поради неправилна употреба, несовесно одржување, абење, кинење или неовластени поправки ја исклучуваат гаранцијата.
** При враќање на продукти и/или рекламации, клиентот ги покрива трошоците за испорака.